Кина со остра порака до САД: Ако ја поминете нашата црвена линија, ќе следи жесток одговор

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на американскиот колега Џо Бајден дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Ова меѓудругото го изјавил кинескиот претседател Си за време на неодамнешниот состанок на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, објави веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кинескиот лидер јасно стави до знаење дека проблемот со Тајван е основен интерес на Кина, политичка основа и голема црвена линија што никој не може да ја помине“, се вели во соопштението.

Ситуацијата околу Тајван ескалираше на почетокот на август, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот