Кина ја олабавува трговската војна со САД

Главните трговски преговарачи на Пекинг и Вашингтон минатата недела разговараа телефонски за спроведувањето на првата фаза од договорот потпишан во јануари.

Властите во Пекинг објавија список со 79 американски производи што ќе бидат ослободени од царините воведени во екот на билатералната трговска војна, како резултат на натамошниот притисок од Вашингтон врз Пекинг за зголемување на увозот од Соединетите Американски Држави.

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека новото ослободување ќе стапи на сила на 19 мај и ќе трае до 18 мај 2021 година.

Најновиот список на производи на кој нема да се применуваат царините вклучува ретки рудни минерални суровини, како и руди од злато, сребро и концентрат.

Пекинг во февруари објави дека ќе одобри ослободување од давачки за 696 американски производи, вклучително и клучни производи, како што се соја и свинско месо, врз основа на барањата на компаниите за увоз.

Со договорот, Кина се обврза да го зголеми откупот на американска стока за 200 милијарди долари во текот на две години во однос на 2017 година, што беше земена како база, при што увозот се зголеми за околу 77 милијарди долари во првата година и 123 милијарди долари во втората.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го раскине договорот доколку Кина не ги исполни своите обврски во врска со набавките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот