Кинескиот товарен брод „Тјанџоу-10“ како се приближува кон комбинацијата од вселенски станици / Фото: Han Qiyang / Xinhua News / Profimedia

Кина го започна првиот вселенски експеримент во светот со вештачки човечки ембриони

Кина го започна првиот вселенски експеримент со човечки вештачки ембриони, пренесува новинската агенција „Шинхуа“.

– Примероците се наоѓаат на кинеската вселенска станица, а истражувањето напредува добро – изјавиле кинеските научници.

Примероци од човечки вештачки ембриони, доставени од товарниот вселенски брод „Тјанџоу-10“, лансиран претходно оваа недела, се инсталирани во експерименталниот модул на вселенската станица, соопшти Центарот за вселенска технологија и инженерство на Кинеската академија на науките.

Џу Лекјан, раководител на овој проект, рече дека целта на истражувањето е да се спроведат прелиминарни истражувања за долгорочниот престој, преживувањето и репродукцијата на луѓето во вселената.

– Човечкиот вештачки ембрион е направен од човечки матични клетки како суровина. Ова не е вистински човечки ембрион и нема способност да се развие во човечка единка. Сепак, може да послужи како модел за проучување на раниот човечки развој – објаснил Џу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот