фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кин ги осуди навивачите на Ливерпул поради однесувањето кон Трент

Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, Рој Кин, остро реагираше на дел од навивачите на Ливерпул кои го пречекаа Трент Александер-Арнолд со негодување и силни свирежи при неговиот влез во игра во 80. минута од мечот на „Енфилд“.

Свирежите следеа по неговиот трансфер во Реал Мадрид, а претходно беше уништен и мурал во негова чест – што се смета за продолжение на негативната реакција кон англискиот репрезентативец.

„Зошто би оделе на натпревар за да свирите на играч кој одиграл 260-270 натпревари за вас? Неговата статистика е неверојатна – помогна клубот да освои две Премиер лиги и Лига на шампиони. Тој си ја држеше главата долу, не сакаше да влегува во игри со навивачите“, изјави Кин.

Тој истакна дека однесувањето на трибините било „многу лошо“, додека Трент, според него, реагирал зрело и професионално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот