Ким Кардашијан ги ангажираше адвокатите: Дали поранешното момче планира да објави ново експлицитно видео

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Тоа ќе се случи само преку мене мртва“, им порачала на своите адвокати Ким Кардашијан.

Ким Кардашијан наводно ги повикала своите адвокати, бидејќи стравува дека нејзиното поранешно момче Реј Џи наскоро во јавноста ќе пушти уште едно експлицитно видео со секс сцени.

Пред 15 години, во 2007 година, „Vivid Entertainment“ издаде 41-минутно ДВД со наслов „Суперѕвездата Ким Кардашијан“ кое вклучуваше секс снимки настанати во 2002 година, а кои всушност и ја прославија оваа ријалити ѕвезда. Сега Ким е загрижена дека Реј Џи би можел повторно да пушти нивни снимки во јавноста.

„Ким знае дека Реј Џи снимил уште неколку видеа тогаш. Некои од нив се неверојатно интимни“, изјави изворот за „The Sun“.

„Тоа ќе се случи повторно само преку мене мртва“, наводно Ким Кардашијан им порачала на адвокатите.

Не е јасно дали оваа снимка, која Реј Џи планира да ја објави, е дел од наводната друга секс видеоснимка која се наоѓала на хард дискот за кој поранешниот сопруг на Ким, Канје Вест, тврдеше дека го откупил од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот