EPA
Ким Џонг-Ун / Извор: EPA-EFE/KCNA

Ким Џонг-Ун му го честита големиот јубилеј на Џипинг: Се надеваме на подобрување на односите со Кина

За време кога се соочува со голема криза во државата, лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун денеска најави дека ќе се залага за понатамошно подобрување на односите со Кина, главниот сојузник на земјата.

Во честитката која му ја испрати на Си Џипинг по повод 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина, Ким потврди дека има поврзаност во односите со моќниот сосед, пренеси централната новинарска агенција на Северна Кореја.

„Севернокорејска работничка партија со своето цврсто единство со Кинеската комунистичка партија, го зголемува пријателскиот однос меѓу двете земји на нова стратешка точка, во склоп со времето и по желба на народите на двете држави“ изјави Ким, пренесува Ројтерс.

Пораката на лидерот е упатена ден откако државните медиуми пренесоа дека на состанокот на севернокорејската партија Политбиро е потврдено дека земјата се соочува со голема криза поради пандемијата со корона вирусот.

Ким Џонг-ун се налути: Смени повеќе функционери заради инцидент во врска со борба со пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот