Ким Џонг-ун и севернокорејската традиција на исчезнување од јавноста

Двонеделното отсуство на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун предизвика гласини дека тој е тешко болен.

Меѓутоа, ова не е прв случај некој од владеачката севернокорејска елита да исчезне од јавноста.

. Семејство позира пред портретите на Ким Ил-јунг и Ким Џонг-ил / Пјонгјанг, Северна Кореја / Април, 2017 година / Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Како што наведува АП, причините за отсуство од јавноста некогаш биле вистински проблеми, како што се смрт, болест или чистка, но често таканаречените исчезнувања едноставно биле последица на огромната љубопитност за она што се случува во изолираната земја со нуклеарно наоружување чие раководство е тајно извршено.

АП наведува дека во минатото биле забележани повеќе случаи на севернокорејски функционери кои исчезнале од јавноста, но извештаите за нивната смрт биле предвремени.

Бившиот лидер на Северна Кореја, Ким Ил-сунг, кој живееше до 1994 година, водечките јужнокорејски весници го прогласија мртов во 1986 година.

Деца на бина во училиште во Пјонгјанг со перформанс за сега починатиот лидер Ким Џонг-ил / Северна Кореја, 2017 година / Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Веста за смртта на најомразениот човек во Јужна Кореја предизвика еуфорија, но и паника заради можната нестабилност на границата.

Откако и други медиуми почнаа да пренесуваат вест за неговата наводна смрт, големиот лидер се појави на аеродром во Пјонгјанг каде дочека делегација на Монголија.

Најтиражните јужнокорејски весници никогаш не објавиле исправка, но формално се извиниле следниот месец на одбележувањето на стогодишнина од основањето.

И Ким Џонг-ил, таткото на сегашниот севернокорејски лидер, исто така бил предмет на многубројни извештаи и гласини.

eСевернокорејски војници маршираат пред портретите на поранешните, сега починати лидери Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил / Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Силната експлозија во 2004 година на железничката станица на границата на Северна Кореја со Кина поттикнала гласини за обид на атентат на лидерот кој таму поминал неколку часа порано враќајки се од Пекинг.

Во сударот на два воза кои пренесувале нафта починале и биле повредени над илјада луѓе, но никогаш не била потврдена поврзаноста на несреќата со проаѓањето на лидерот.

Погребот на Ким Џонг-ил во 2011 година / Фото:EPA-EFE/KCNA

Кога Ким Џонг Ил во 2011 година навистина почина, после повеќегодишни проблеми со здравјето и се поретко појавување во јавноста, надворешниот свет не знаеше ништо за тоа, се додека севернокорејските државни медиуми не ја објавија веста, и тоа, два дена подоцна.

И неговата некогаш моќна сестра Ким Кјонг-хуи била прогласена мртва во 2015 година, кога Си-Ен-Ен објавиле дека брат и ја отрул. Меѓутоа, таа се појавила во јануари, снимена на концерт покрај внукот.

Ниту на актуелниот севернокорејски лидер ова не му е прво исчезнување од јавноста, во 2014 година него го немало речиси шест недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот