Ким Бејсингер прозборе за разводот со Алек Болдвин и како тоа влијаело на нивната ќерка Ајрленд

алек болдвин
Ким Бејсингер, Ајрленд и Алек Болдвин / Фото: EPA-EFE/Инстаграм

Актерката Ким Бејсингер и Алек Болдвин пред триесетина години беа еден од најскандалозните љубовни парови во Холивуд.

Сега во епизодата „Red Table Talk“ таа призна дека таа и актерот поминале низ „тежок и многу гласен развод“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)

Кога ко-водителката Џејда Пинкет Смит ја праша 68-годишната актерка за заедничкото родителство со Болдвин на 26-годишната Ајрленд, Бејсингер низ смеа рече дека таа и нејзиниот поранешен не се гледаат „очи в очи“.

„Сите сме добро и сите се согласуваме, како и да е“, истакна таа.

„Имавме свои предизвици. И мислам дека Алек не беше емоционално или ментално достапен за таков вид на разговор. Алек делува на сосема поинаков начин во животот“, изјави Ким, која беше во брак со Алек од 1993 до 2002 година.

Инаку, актерската двојка се разведе кога Ајрленд имаше 7 години.

„Разводот е тежок за детето, без разлика како го разбираат. А нашиот беше многу јавен и гаден. Така што, Ајрленд ја одгледав на многу неконвенционален начин, само сакав таа да биде слободна. Ако сакаше да има пријатели и да пишува на ѕидовите со молив, тоа беше во ред… Сакав нејзиното детство да биде полно со љубов и светлина, животни и пријатели“, откри Ким во 2016 година за „The Edit by Net-A-Porter“.

Ким Бејсингер
Ким Бејсингер / Фото: EPA/PETER FOLEY

 

Бејсингер и Алек беа вмешани во жестока долгогодишна битка за старателство над нивната ќерка. Тогаш во јавноста протекоа обвиненија за вознемирување и алкохолизам, а во 2007 година протече аудио снимка на која Алек ја навредува својата ќерка.

Сега Алек е во добри односи со Ајрленд. Ким откри дека и таа и тој се во подобри односи.

„Алек и јас сме кул сега“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот