Килограм цреши чини 2.500 денари, а сирењето и кајмакот достигнаа врв на српските пазари

Донекаде веќе навикнавме на тоа дека цените на храната на полиците во продавниците се менуваат речиси секој ден, но граѓаните сепак се изненадени од некои работи. Знаеме и дека овошјето и зеленчукот кога не се во сезона во Србија достигнуваат огромна вредност, но овој пример ни покажа дека веќе нема никакви граници.

Имено, како што напиша К1, на социјалните мрежи се појави фотографија од првите цреши на домашните пазари, а цената – цело богатство! Да, точно е – килограм цреши чини дури 4.850 динари (2.500 денари). Оваа објава на Инстаграм предизвика лавина од коментари.

Сепак, тоа не е се. Ако ги прашате граѓаните, по правило најмногу се зголемува она што е најпотребно – храната. Затоа и не чуди што цената на храната уште еднаш предизвика нова полемика и смеа на социјалните мрежи.

На Твитер се појави цената на кајмакот јастребац, кој чини, верувале или не, дури 2.500 динари (1.250 денари). Имаше и шеговити коментари како „Колку добивате за тие пари, два тона?“, но имаше повеќе кои изјавија дека цените „го скршиле плафонот“ и наведоа уште неколку примери за драстично поскапување на храната. Јастребачко сирење за нешто помалку од 1.400 динари (700 денари)“, „свинска маст 350, наскоро 500 динари за килограм“ (170 до 250 денари за килограм)…

Во декември минатата година потрошувачките цени биле за 15,1 отсто повисоки од пред една година, покажуваат официјалните податоци. Прехранбените производи поскапеле за 24,3 отсто, а најмногу млекото, сирењето и јајцата за 43,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот