Киличдароглу бара поддршка од младите за вториот круг од претседателските избори

Кемал Киличдароглу бара од Ердоган да ги укине новите цени на струјата - Фотографија ЕПА

Соперникот на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, Кемал Киличдароглу, во вторникот им се обрати на младите и ги повика да гласаат за него во вториот круг од изборите на 28 мај, со цел долгогодишното владеење на неговиот ривал да не влезе во третата деценија.

Во првиот круг, актуелниот претседател освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска алијанса освои 45 отсто од гласовите.

На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со 5,2 отсто, а потоа Мухарем Инџе кој се повлече од трката, но предоцна, па сепак доби 0,43 отсто од гласовите.

Бидејќи ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите, прв во турската историја, ќе се одржи на 28 мај.

Во меѓувреме, 74-годишниот Киличдароглу се обидува да ја прошири својата база на гласачи за да добие клучна поддршка во вториот круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот