Кијану Ривс изговори само 380 зборови во новиот „John Wick“ и заработи 15 милиони долари

Фото: Инстаграм/„John Wick“

Во новото продолжение на филмскиот серијал „John Wick“, актерот Кијану Ривс изговори само 380 зборови и за нив заработи 15 милиони долари.

Како што пишува „Вол стрит џурнал“, неговиот најдолг „говор“ во филмот е: „Мој пријателе, јас и ти оставивме добар живот зад нас многу одамна“. Само за оваа реченица, Ривс заработи 552.622 долари. Импресивна сума.

„Кијану Ривс изговори само 380 зборови во ‘John Wick: Chapter 4’ и, наводно, заработил 15 милиони долари. Според извештаите за неговата плата, тоа е 39.473 долари по збор“, објави „Морнинг бру“ на Твитер.


Иако акцентот во оваа објава е ставен на зборот „наводно“, сепак оваа сума не е нешто што е неочекувано со оглед на тоа што Кијану Ривс ја игра главата улога во филмскиот серијал.

Режисерот на филмот Чад Стахелски изјави дека ова е независна одлука на актерот, кој решил да се избрише околу половина од дијалогот напишан за неговиот лик во оригиналното сценарио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот