Киев го деблокираше нафтоводот „Дружба“: Руската нафта повторно тече кон Унгарија и Словачка

Непосредно пред клучните разговори за нов заем за Украина, Киев објави дека нафтоводот „Дружба“, кој пренесува нафта од Русија до Европската Унија, е целосно поправен, пренесува „Киев пост“.

Претседателот Володимир Зеленски преку Телеграм потврди дека нафтоводот може повторно да биде ставен во функција, нагласувајќи дека Киев сега го очекува ослободувањето на ветените, но замрзнати средства од ЕУ.

Транзитот на нафта кон Словачка и Унгарија беше прекинат кон крајот на јануари, откако според украински извори, руски дрон оштетил делови од нафтоводот во Броди, западна Украина.

Сепак, двете соседни земји изразија сомнеж во официјалната верзија на Киев и побараа независна истрага за случајот. Како одговор на прекинот на нафтата, Будимпешта и Братислава ги запреа испораките на дизел за Украина.

Владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, го блокираше плаќањето на првата транша од заемот на ЕУ во вкупна вредност од 90 милијарди евра за Украина. Унгарија јасно стави до знаење дека ќе го повлече своето вето само доколку повторно добие непречена испорака на руска нафта преку „Дружба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот