Фото: Принтскрин / Инстаграм

Кетрин Зита-Џонс со шокантна изјава за поседувањето четири куќи: Не е претерано, удобно е…

Актерката Катерина Зита-Џонс во интервју за „Сандеј тајмс“ откри дека не мисли дека е претерано што поседува четири куќи со својот сопруг Мајкл Даглас – двe во Њујорк, еднa во Канада и еднa во Шпанија.

„Знам дека звучи како живот во џет-сет, а сакам да се опкружувам со убавина, но не е претерано, многу е удобно“, рекла 55-годишната актерка.

Таа додаде дека сака да троши пари за мода, па затоа често посетува продавници за винтиџ во Париз.

„Купувам работи што можеби никогаш нема да ги облечам, како прекрасни наметки. Во моментов сум заљубена во класичниот Ив Сен Лоран, а особено сум среќна со вечерните фустани“, открила таа.

Својата страст за мода ја пренела и на својата 22-годишна ќерка Карис.

„Таа ја обожава мојата гардероба. Веројатно имам најголема колекција чанти ‘Фенди Багет’, а неодамна најде уште неколку кај мајка ми. Имам сè, од тексас до бисери и светки. Цената на една таква чанта денес достигнува 11.500 долари. Карла Фенди постојано ми ги даваше кога беа најбарани“, додала Кетрин.

Зита-Џонс се шегуваше и за своите и Оскарите на нејзиниот сопруг. Таа ја освои наградата за најдобра споредна женска улога во 2003 година за нејзината улога во Чикаго, а Даглас ја освои наградата Оскар за најдобар глумец во 1988 година во Волстрит.

„Мојот е во селска куќа во Њујорк, а на Мајкл е во стан во Њујорк. Ги чуваме одвоено, за секој случај, за да не се случи ништо меѓу нив“, рекла таа со насмевка.

ФОТО: Карис Зита Даглас освојува со својата убавина следејќи ги стапките на нејзината мајка Кетрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот