Кетрин Зета-Џонс на премиерата ја придружуваше нејзината преслатка внука
Иако би се очекувало на црвениот тепих да ја придружува нејзиниот сопруг Мајкл Даглас или ќерката Карис и синот Дилан, Кетрин Зета-Џонс ги изненади сите на премиерата на втората сезона од хит серијата на Нетфликс „Wednesday“.
Препорачано
View this post on Instagram
Премиерата, која се одржа во средата на 30 јули, привлече голем интерес кај јавноста, а актерката, добитничка на Оскар ги воодушеви сите кога пред насобраните фотографи покани едно девојче кое беше соодветно облечено, инспирирано од темата на серијата – во црн фустан.

Станува збор за нејзината внука, Ава Зета, чии фотографии и видеа актерката често ги споделува на своите профили на социјалните мрежи.
Кетрин објави видео на кое Ава зборува велшки, што предизвика бројни позитивни коментари од обожавателите.
„Велшки во Шпанија. Ава Зета е во куќата. Часови забава. Те сакам, Ава“, напиша актерката на Инстаграм.
Втората сезона од серијата „Wednesday“ ќе пристигне на Нетфликс на 6 август, додека вториот дел ќе биде достапен од 3 септември.


