Ќерката на Трамп беснее на плажа во Мајами, Американците се бесни на неа: „Стави маска на лицето!“

Фото: Профимедиа

Најмалата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, одвои скоро цела недела за да го прослави својот 27-ми роденден. Таа посетува клубови, ресторани, ужива во поголемо друштво на плажа, а бидејќи се забавува во едно од најголемите жаришта на коронавирусот во Флорида, гневните Американци направија специјален хаштаг за неа на Твитер, наречен „ByeTiffany“.

Фото: Профимедиа

Откако ги посети скоро сите клубови, таа се забавуваше со поголема група луѓе на плажа, каде ја придружуваше и нејзиното момче Мајкл Булос. Судејќи според фотографиите од папараците, во стаклената чаша од која пиеше Тифани имаше нешто посилно од кафе.

Фото: Профимедиа

Бидејќи не обрнуваше внимание на препораките за заштита и социјална дистанца, луѓето беа бесни на неа и активно го коментираа нејзиното однесување на Твитер и другите социјални мрежи. Еден од многуте коментари беше „Стави маска на лицето“!

Фото: Профимедиа

Од нејзините слики и снимки од роденденската забавата, твитерџиите направија видео монтажа. Видеото е спој од забавувањето на Тифани и роденденската прославата а вклучуваат и видеа што се случува во моментов во нејзината земја. Видеото стана вирално, проследено под хаштагот „ByeTiffany“.

Критичарите ја обвинуваат за нејзиниот недостаток на сочувство и емпатија во ова тешко време кога владее пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот