Ќерката на Ерос Рамацоти стана жртва на врсничко насилство

Ќерката на Ерос Рамацоти и Мишел Хунзикер стана жртва на булинг на социјалните мрежи. Аурора Рамацоти има 23 години, досега учествувала во шоуто „X Factor Italia“ и пред две години заедно со нејзината мајка го водеше шоуто „Vuoi scommettere?“.

Аурора е многу активна на социјалните мрежи, само на Инстаграм има над два милиони следбеници, меѓу нив има и такви што постојано ја навредуваат младата девојка. По последните пораки кои ги добила дека е „многу грда иако има убави родители“, Аурора не можела да премолчи.

Дали е подобро да бидете грди однадвор или одвнатре?“, одговорила Аурора.

Аурора е поборец за „body positive“ и неодамна објави своја фотографија без филтери затоа што „совршенството не само што не постои, туку и не е убаво“.

Instagram

Потребна е храброст да се објави ваква фотографија, во оригинал. Особено за некој кој отсекогаш имал проблем со несигурност, тежина, мозолчиња. Имаме платформа каде се издвојувате ако изгледате како човечко суштество затоа што тоа стана чудно. Сите сме убави, познати, среќни и исполнети. Секако, одлично е кога се дели убавината и би било уште повеќе ако не беше искривен свет во кој секој се натпреварува со секого. И јас имам своја улога во тоа, но се обидувам секогаш да го задржам тој дел од вистината, инаку не би била искрена со себе. На крајот на краиштата, не сакам да се преправам дека сум некој што не сум“, напишала Аурора.

Пред три години, мајката на Аурора, Мишел, почнала да добива заканувачки писма во кои од неа барале пари во биткоини и се заканувале дека ако не ја плати бараната сума Аурора ќе ја полијат  со солна киселина.

Instagram

Мишел пријавила во полиција, и по спроведената истрага се открило дека станува збор за меѓународна криминална организација која со години се заминавала со уцени од ваков тип, но не била фатена.

Затоа Аурора добила приватни телохранители кои со години се со неа 24/7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот