Кенгур го убил 77-годишниот сопственик, кој го чувал како домашен миленик

Фото: Профимедиа

Разбеснет кенгур го нападнал својот сопственик во Австралија, притоа нанесувајќи му смртоносни повреди. Полицијата интервенирала, но премногу доцна за да го спаси животот на сопственикот на ова опасно животно.

Седумдесет и седумгодишен маж од југот на западна Австралија починал кога бил нападнат од дивиот кенгур кој го чувал како домашен миленик во своето домаќинство. За да се обиде да му помогне на повредениот, полицијата морала да го убие дивото животно.

Споменатиот инцидент се случил на имотот на човекот во Редмонд, 400 км југоисточно од Перт. Повредениот бил откриен од роднина кој повикал лекар, кој исто така, бил нападнат од кенгурот кога се обиделе да му пружат помош на повредениот маж. Животното станало насилно кога болничарите се обиделе да му пријдат на човекот.

Потоа била повикана полиција, која го убила кенгурот, за да му пружат помош на повредениот, кој набрзо починал.

Портпаролот на полицијата рекол дека се верува дека кенгурот го нападнал мажот во текот на денот и дека полицијата верува дека опасното диво животно го чувал како домашен миленик.

Ретки се напади од кенгур со смртни последици. Последниот пријавен смртоносен напад се случил 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен во Нов Јужен Велс.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот