Кејт Мидлтон го извади вереничкиот прстен: Причината е навистина трогателна
За време на неодамнешна посета на болницата Чаринг Крос (Charing Cross) во Лондон, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја изненади јавноста со еден неочекуван детал. На нејзината рака, наместо препознатливиот веренички прстен со син сафир, овојпат се наоѓаше само едноставен златен прстен.
Препорачано
При ненајавената посета на лондонската болница, Кејт уште еднаш покажа зошто важи за една од најдобро облечените членки на британското кралско семејство. Таа се појави во беспрекорно зимско издание – елегантен монохроматски костум во длабока бордо нијанса, кој ја истакна нејзината префинетост и внесе топлина во строгата болничка атмосфера.
Сепак, најголемо внимание не привлече нејзиниот моден избор, туку отсуството на еден детаљ кој ретко го симнува. На нејзината рака овојпат го немаше познатиот веренички прстен со син сафир и 14 дијаманти – вредно семејно наследство кое некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана.
Наместо вереничкиот, Кејт носеше само едноставен златен прстен.
Како што пишува „Мирор“, одлуката да го симне скапоцениот прстен не била случајна, туку внимателно промислен гест. Накитот со големи камења може да претставува ризик од пренос на бактерии и да ја отежне хигиената, особено при дезинфекција на рацете, што ја покажува нејзина грижа и почит кон пациентите и медицинскиот персонал.


