Кејт Буш руши рекорди: Благодарение на „Почудни нешта“, песна стара 37 години повторно на топ листите

Кејт Буш „Почудни нешта“
Кејт Буш и сцената од „Почудни нешта“ во која ја има песната „Running Up That Hill“ / Фото: Profimedia

Британската пејачка Кејт Буш ги освои музичките топ листи со песната „Running Up That Hill“, која ја објави во 1985 година, благодарение на новата сезона на популарната серија „Почудни нешта“.

Песната „Running Up That Hill“ го достигна врвот на британската и светската топ листа 37 години откако беше објавена. Во исто време, Буш со ова прво место собори три рекорди бидејќи таа е најстарата жена на врвот на листата со шеесет и три години, додека 37 години е најдолго време за некоја песна да стигне до првото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Bush (@_katebush__)

Покрај тоа, Кејт Буш има најдолго растојание меѓу сингловите на прво место, бидејќи поминаа 44 години од нејзиното деби со песната „Wuthering Heights“ (тој рекорд го држеше Том Џонс на 42-годишна возраст). Инаку, „Running Up That Hill“ успеа да се пробие до третото место во годината кога беше објавена.

„Тешко е да се разбере брзината со која се случува сето ова“, објави Кејт Буш на својата официјална веб-страница претходно оваа недела. „Толку многу млади луѓе, кои ја сакаат серијата, ја откриваат оваа песна за првпат“.

Песната моментално е на четвртото место во САД, што воедно е и најдобриот пласман што го имала таму. „Running Up That Hill“ во Обединетото Кралство моментално се слуша отприлика 575 000 пати дневно на Спотифај и повеќе од шест милиони пати дневно на истата платформа ширум светот.

„Песната „Running Up That Hill“ сама по себе ги промени работите какви што ги знаевме“, изјави музичкиот критичар Џејмс Мастертон за „Гардијан“. „Ова е првпат во ерата на стримингот песна што се пушта во позадина на серија не само спонтано да воскресне, туку и да ја задржи својата популарност подолг период“, додаде тој.

Овој ненадеен успех на Кејт Буш би можел да ги поттикне издавачите да се потрудат постари песни да го најдат своето место во некој филм или серија и да се обидат да го повторат овој необичен рекорд.

Само четири други ѕвезди го достигнаа врвот на топ листите во подоцнежни години од Кејт Буш. Најстариот беше Сер Том Мур на возраст од 99 години и 11 месеци, па Елтон Џон на 74, Том Џонс на 68 и Луис Армстронг на 66 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот