Ќе се забранат настани, бизнисите ќе затвораат по 23 часот и автобусите ќе возат полупразни

Фото: Арбнора Мемети

Ако викендов не се смири епидемиолошката ситуација во земјава каде се регистрираат и по 550 нови заразени со коронавирус, тогаш во понеделник Комисијата за заразни болести до владата ќе предложи во јавниот превоз да се примаат патници со преполовен капацитет, целосно да се забранат секакви настани и сите економски оператори да завршуваат со работното време во 23 часот.

Освен тоа, во Собранието следната недела се очекува да се усвојат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, па тогаш ќе биде задолжително носењето на маска надвор постојано, ќе се забрани групирање после 22 часот и ќе има забрана за домашни посети. Очекуваме овие два пакети сериозно да го забават ширењето на вирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Поради тоа што Инфективната клиника е речиси полна со пациенти заразени со коронавирус, целосно спремна е монтажната болница во непосредна близина, а за неа има и подготвен медицински кадар од останатите клиники што ќе работи со новиот наплив на пациенти.

Комисијата за заразни болести направила анализа на случаите и констатирала дека голем дел од граѓаните не можат да посочат каде се заразиле и затоа се третираат места каде што има групирање и главната цел е тоа да се спречи.

Засега полицискиот час е само последна мерка за која не се размислува, зашто се очекува останатите да дадат резултат.

Доктор Жарко Караџовски: Сами ако не си помогнеме болниците ќе се исполнат брзо и ќе има до 1000 заразени дневно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот