Ќе се населува „црвената планета“

Кина има намера во 2033 година да ја испрати својата прва мисија со екипаж на Марс, потоа се планифраат и редовни летови до „црвената планета“.

Oва е во рамките на долгорочиот план за изградба на трајно населена база на Марс и црпење на сите ресурси на планетата.

Амбициозниот план, кој сигурно ќе ја засиле трката со САД за населување на Марс, сега по прв пат е обелоденет , посебно откако Кина на средината на мај на Марс го спујшти роботот роверво својата инаугурациона мисија на планетата , пренесе Ројтерс.

Кина планира да лансира летала со екипаж во 2033, 2035, 2037 и 2041 и потоа, изјави шефот на главниот кинески производител на ракети Ванг Сјаоџун.

Пред да биде испратена првата мисија со екипаж Кина на Марс ќе испрати роботи кои ќе имаат задача да ги проучат локациите за база и за изградба на систем за извлекување на ресусри, соопшти официјалната „Чајна спејс њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот