Казахстан е последна проверка за фудбалерите пред настапот на ЕП

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе ја има последната проверка пред историскиот настап на Европското првенство. Противник на избраниците на селекторот Игор Ангеловски е селекцијата на Казахстан.
Фудбалерите пред настапот на ЕП ќе одиграат само два натпревари, на првиот дуел со Словенија победа им избега на „црвено-жолтите“ во 97. минута и денеска ги очекува дуел со Казахстан.
– Ова е добар подготвителен тренинг-меч, но не е од оној тип на мечеви како со Лихтенштајн или Гибралтар, зашто тие во мундијалските квалификации играа 1:1 со Украина. Се работи за репрезентација која во составот има многу млади фудбалери, претежно се од нивната лига, но сите ја знаеме Астана, која игра Европа и е добра екипа. Ние можеби ќе излеземе во поразличен тим, но нема да биде испретумбан. Тие што ќе треба да добијат поштеда ќе добијат, тие што треба да играат ќе играат – вели Ангеловски.

Од друга страна, фудбалерите сакаат со добра игра пред навивачите да се прикажат во одлично  светло и победнички да ги заминат на ЕП.

– Посебно е чувството да се игра пред навивачи и многу сме среќни што се вратија навивачите на трибините. Навивачите секогаш нѐ поддржувале и се надевам утре ќе биде исто така, дека ќе дојдат во максималниот дозволен број и ќе ни дадат нова поддршка. Очекувам добар меч, одиме на победа, ние и секогаш одиме на победа и дека повторно ќе ги израдуваме навивачите. Нѐ чека добра селекција која играше 1:1 во квалификациите со Украина – вели Елиф Елмас.

Според претходно утврдениот план, репрезентацијата на Македонија на 8 јуни заминува за Букурешт каде ќе ги одигра првите две кола во групата Ц. Историскиот деби настап на Македонија на ЕП ќе биде на 13 јуни против Австрија, а четири дена подоцна избраниците на Ангеловски ќе играат против Украина. Во последното трето коло, Македонија на 21 јуни во Амстердам ќе игра против Холандија.

Барди и понатаму е позитивен на коронавирус

ВИДЕО: Мајсторијата на Елмас недоволна за победа, Словенците се спасија во последната минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот