Митко Јанчев со средношколецот Мајкл Георгиевски/Фото: МИА

Кавадаречки средношколец – државен првак по физика

Средношколецот Мајкл Георгиевски, кој го освои првото место на Државниот натпревар по физика, што се одржа на 29 април оваа година на ПМФ во Скопје, денеска беше примен од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Градоначалникот Јанчев и претседателот на Советот на општината Кавадарци, д-р Стојанче Рамов, имаа средба со Мајкл Георгиевски, ученик кој има континуиран успех во областа на природно математичките науки, придружуван од директорката на СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’, Јасминка Чулева. Повод на денешната средба беше освоеното прво место на Државниот натпревар по физика кој се одржа на 29 април оваа година на ПМФ во Скопје, појаснија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека Георгиевски континуирано секоја година освојува награди и признанија, продолжува да се истакнува со своите знаења.

–  Неговите успеси тоа го потврдуваат и секако нашиот град, а и Гимназијата имаат со што да се гордеат. Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот ја изразија нивната поддршка и гордост и во знак на тоа му доделија плакета за континуиран успех во природно математичките науки. Сите му посакуваме среќа на Мајкл и уште поголеми успеси во иднина, додадоа од кабинетот на градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот