Кавадарчанец тешко повреден на работа во РЕК „Осломеј“

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Педесет и петгодишен кавадарчанец е тешко повреден при извршување на работни обврски во РЕК „Осломеј“.

„На 20.03.2024 во 15.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека во кругот на РЕК „Осломеј”, Д.Д.(55) од Кавадарци, вработен како возач во приватна фирма од Кавадарци, паднал од товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево“, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево и трудов инспектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот