Сампдорија има слаб старт во новата сезона од Серија А/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Катарски шеици ја купуваат Сампдорија?!

Државниот инвестициски фонд на Катар сака да ја купи Сампдорија, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Членот на кралското семејство, Калид Фалех Ал Тани потврди дека е заинтересиран да го купи италијанскиот тим потврдувајќи дека веќе е испратена понудата за купување и сака што побрзо да го презеде клубот кој се наоѓа на последното место на табелата во Серија А.

АНСА објави дека добила мејл од посредник од Швајцарија кој ја потврдил автентичноста на писмото на Ал Тани, и на неговата намера да инвестира во Сампдорија.

Доколку Ал Тани ја купи Сампдорија, дел од новата управа треба да биде поранешниот играч на овој тим, Ивано Бонети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот