Катарците не смеат да го купат Манчестер јунајтед, но имаат начин како да го заобиколат тоа правило

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Инвеститорите од Катар се сè поблиску до преземање на Манчестер јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Семејството Глејзер со години се обидува да го продаде клубот, за што бара шест милијарди фунти, но крајната цена се очекува да биде значително пониска, бидејќи клубот на њујоршката берза вреди нешто повеќе од три милијарди фунти.

Клучниот човек во целата приказна е катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ преку фондот Катар Спорт Инвестментс (КСИ). Според правилата на УЕФА, два клуба кои се натпреваруваат во исто натпреварување, а Манчестер јунајтед следната година би можел да игра во Лигата на шампионите, не можат да бидат под иста сопственост, но Ал Тани има идеја како да го заобиколи тоа правило.

„Ле Паризиен“ тврди дека Катарците ќе склучат договор со независен инвестициски фонд и ќе „инвестираат“ во него за потоа фондот да го купи Манчестер јунајтед. На тој начин клубот технички не би бил во сопственост на исто правно лице и во таа смисла сè би било чисто.

Ал Тамим наводно веќе се сретнал со семејството Глејзер и разговарал за деталите од договорот и се очекува неговата понуда да биде прифатена. Главен конкурент на катарските инвеститори е Сер Џим Ретклиф, најбогатиот човек во Британија, кој исто така е заинтересиран да го купи Јунајтед, а сите понуди од заинтересираните страни треба да пристигнат до крајот на овој месец.

Така ќе заврши 18-годишното владеење на семејството Глејзер, против кое навивачите на Јунајтед протестираат со години. Незадоволството отиде дотаму што истата година кога Глејзери го презедоа клубот, навивачите основаа нов клуб, Јунајтед оф Манчестер, кој моментно се натпреварува во седмата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот