Кастратовиќ има нов ангажман, ќе го води шампионот на Саудиска Арабија

фото: рк металург

Зоран Кастратовиќ кој е поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија тренерската кариера ја продолжува во Саудиска Арабија и тоа во шампионот на оваа земја.

Нов клуб во кариерата на Кастратовиќ ќе биде Ал Мудар. Кастратовиќ започнува со работа во овој клбу и ќе го води тимот на светското клупско првенство кое ќе се игра од 18. до 23. октомври.

Мудар ќе игра во група со Ал Ахли во Египет и Бенфика од Португалија. Во Македонија Кастратовиќ беше тренер на Вардар, Металург и Пролет, како босанската Слобода Тузла.

Покрај селекторската функција во Македонија ги водеше репрезентациите на Црна Гора и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот