Касиљас излезе од болница
Шпанскиот голман, Икер Касиљас денеска ја напушти болницата во Порто, откако за време на викендот беше итно хоспитализиран поради срцев удар. Касиљас минатата недела за време на ,еше вграден стент,
Препорачано
Тој денеска конечно ја напушти болницата и им се заблагодари на сите за поддшката која ја доби измнинатите денови.
– Сакам да се заблагодарам за илјадниците изјави за поддршка упатени кон мене. Сите добро знаете што ми се случи. Најважно е што сум тука пред сите вас и благодарен сум на сите кои се грижеа за мене. Ќе морам да мирувам неколку недели или можеби неколку месеци но не ми е грижа, најважно што сум жив. Не знам што носи иднината, ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите со рехабилитацијата – изјави Касиљас при излегувањето од болницата во Порто.
Според шпански кардиолози, кариерата на Касиљас е завршена, нема шанса тој повторно да се врати на терените и најдобро би било веднаш да објави крај на кариерата.
– Инфарктот е многу сериозна работа, вграден му е стент и тоа значи крај на криерата. Икер нема да може повторно да се занимава со професионален спорт. Тој ќе може да води нормален живот но приказната околу спортот за него е завршена – изјави Хуан Антонио Корбалан, еден од најпознатите шпански кардиолози.


