Кариерата на Касиљас е готова?

фото: Instagram

Шпанскиот голман Икер Касиљас веќе се чувствува подобро откако вчера на тренингот на Порто доживеа срцев удар и беше итно опериран во локална болница. Неговиот менаџер Карлос Кутропија изјави дека голманот на Порто не знаел што се случува со него, и докторите му ја кажале вистинската дијагноза и причината за оперативниот зафат откако сè завршило најдобро по Касиљас.

Ова е неговата најголема победа во животот. Никогаш во животот немал никакви симптоми, ниту пак на редовните здравствени прегледи му било откриено нешто. Сите сме шокирани но најважно за мене и сите околу Икер е насмевката откако сè се заврши. Изгледа посреќно од моментот кога со Шпанија триумфира на Светското првенство. Интересно е што Икер не беше свесен што се случува со него. Лекарскиот тим на Порто заврши фантастична работа, реагираа веднаш и немаа време да му ја соопштат вистинската дијагноза туку тоа го сторија докторите кои го оперираа – изјави Кутропија.

Иако од лекарскиот тим на Порто изјавија дека сè уште е рано за прогнози околу евентуалното враќање на Икер Касиљас на терените, шпанскиот кардиолог Хуан Антонио Корбалан смета дека голманот мора да ја прекине кариерата.

– Инфарктот е многу сериозна работа, вграден му е стент и тоа значи крај на криерата. Икер нема да може повторно да се занимава со професионален спорт. Тој ќе може да води нормален живот но прикзната околу спортот за него е завршена – изјави Корбалан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот