Касиљас ги насмеа сите: Од кога Ибрахимовиќ игра кошарка? (ФОТО)

twitter.com/unibet

Кошаркарот од Босна и Херцеговина, Нихад Џедоиќ многу потсетува на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, а често фановите го заменуваат со легендарниот фудбалер и сакаат со него да се фотографираат.

Џедовиќ игра во Баерн, а минатата година за германските медиуми откри дека штом излезе на улица го заобиколуваат фанови на Златан Ибрахимовиќ.

Вчера шпанскиот „Диарио АС“ објави една наградна игра во која подарува кошаркарски дрес, а таа објава ја погледна и легендарниот шпански голман, Икер Касиљас.

Легендарниот Шпанец на својот Твитер профил сподели слика на Џедовиќ и со својот коментар ги насмеа сите.

– Од кога Ибрахимовиќ игра кошарка? – напиша Касиљас.

View this post on Instagram

?? comeback mode!! @fcb_basketball

A post shared by Nihad Djedovic (@dzeda14) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот