фото: социјални мрежи

Касами од Вреди прогласи победа во Тетово: Ајде на плоштад!

Кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на Вреди, Биљал Касами, им се заблагодари јавно на граѓаните на Тетово за, како што рече, големата победа на изборите за втор мандат како градоначаник.

— Благодарам Тетово за големата победа! Бескрајно благодарам! Ќе се видиме на прослава во 22:30 часот на плоштадот! — напиша Касами на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според првичните нецелосни резултати на ДИК, Биљал Касами освоил 47,23 отсто од гласовите, пред неговиот ривал од ДУИ Бајрам Реџепи кој освоил 37,84 отсто од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот