Картер: Официјално завршив со играњето кошарка! (ВИДЕО)
Винс Картер, НБА легенда, потврди дека ја заврши кариерата како професионален кошаркар со дури 22 сезони поминати на паркетите во најсилната лига на светот.
Препорачано
Оваа сезона во НБА ќе продолжи со 22 екипи после прекинот поради пандемијата на коронавирус, а помеѓу учесниците го нема составот на Атланта хокс.
На тој начин е ставена точка на една богата кариера: „Официјално завршив со играњето кошарка“ – потврди 43-годишниот Картер.
22 seasons in the making. Happy retirement, @mrvincecarter15!
?: https://t.co/TtTw0ozXOJ#H15TORY x #TrueToAtlanta pic.twitter.com/Ckd85R9Inx
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) June 25, 2020
Хокси својот последен натпревар го имаа на 11 март кога загубија од Њујорк никс со 136:131. На тој дуел Картер реализираше тројка на 13,4 секунди до крајот на мечот.
Во НБА лигата дебитираше во 1998 година во дресот на Торонто репторс. Играше уште за Њу џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто.
Осумпати по ред од 2000 до 2007 година беше дел од „Ол-стар“ викендот, а во 2000 година триумфираше во натпреварувањето во забивања. Истата година го освои и олимпиското злато со репрезентацијата на САД на Игрите во Сиднеј.


