Фото: Принтскрин / Инстаграм

Каролина Гочева со емотивна објава се збогува со Панчо од „ДНК“: „Другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш…“

Македонската естрада е во неверување откако одекна веста за смртта на нивниот колега и пријател Владимир Блажев – Панчо од групата „ДНК“.

Музичарот почина по долга и тешка битка со повредите здобиени во страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март 2025 година и во кој животот го загуби и неговиот долгогодишен музички партнер Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Бројни колеги, пријатели и соработници на социјалните мрежи се простуваат со Панчо, а една од нив е и нашата пејачка Каролина Гочева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Таа објави заедничка фотографија со Панчо и со трогателна порака му упати последен поздрав.

„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“ – напиша Каролина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот