Карл Луис е лут на американските спринтери: Тие се кловнови

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Машката штафета на САД на 4х100 метри се посрамоти во квалификациите и не само што не успеа да се пласира во финалето, туку нејзините спринтери на патеката на Олимпискиот стадион во Токио изгледаа како прв пат да трчаат штафета.

Дебитантот Рони Бејкер наместо палката прво го зграпчи дресот на Фред Керли, потоа ја промаши штафетата за да успее од третиот обид и тоа откако Бејкер буквално со двете раце му ја донесе палката пред лице.

Тоа ги уништи шансите на САД да се пласираат во финалето бидејќи завршија на шестото место во својата квалификациска група.
– Едноставно е, денеска не ја завршивме работата. Тоа е се – изјави Керли по трката.

Но, ваквото оправдување наиде на револт кај поранешните спринтери. Посебно гневен беше легендарниот Карл Луис кој има девет златни медали од Олимписките игри.
– Ова е како НФЛ тренер да го предводи својот тим во Супербоул и да загуби со резултат 99:0 бидејќи биле неподготвени. Ова е неприфатливо. Си играме со човечки животи, поради тоа сум многу лут. Ова апсолутно можеше да се избегне. Цел САД седи и навива за нив, а потоа добива ваква кловновска претстава. Не можам да го поднесам. Ова е неприфатливо, не е тешко да се трча во штафета – изјави Луис.

Свој коментар имаше и Усаин Болт.
„Тимот на САД погреши буквално во се. Системот на предавање на палката беше погрешен, атлетичарите трчаа во погрешни етапи и беше јасно дека нема лидери. Апсолутна срамота и неприфатливо е тимот на САД да изгледа вака“, напиша Болт на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот