Кари: Против сите можам да постигнам 60 поени! (ВИДЕО)

twitter/Santa Cruz Warriors

Стеф Кари веќе неколку месеци се опоравува од повредата, што влијаеше на перформансите на неговите Вориорси кои сезонава се далеку од титулата.

Еден од најдобрите играчи на екипата на Голден Стејт, верува дека може да постигнува 60 поени против кој било клуб во НБА лигата која е во прекин поради пандемијата на коронавирусот.

Стеф Кари веќе неколку месеци се опоравува од повредата, што влијаеше на перформансите на неговиот тим кој сезонава е далеку од титулата.

Џавал МекГи кој четири години му беше соиграч на Кари во дресот на Вориорси, постави прашање:

– Против кој тим или играч од тој тим кој знаеш дека те чува мислиш дека можеш да постигнеш 60 поени?

Кари не размислуваше многу, одговори кратко и јасно: „Против сите“.

Еден од најдобрите плејмејкери никогаш досега не постигнал 60 поени, неговиот најдобар учинок е 54 поени во поразот од Њујорк Никс на 27 февруари 2013 година.

Во својата НБА кариера двапати беше прогласен за најкорисен играч (МВП), а трипати шампион со „воините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот