Карди Би го обвини поранешниот сопруг за злоставување и закани за убиство
Раперката Карди Би упати шокантни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг, раперот Офсет, пишува „Мирор“.
Препорачано
Имено, пејачката го обвини Офсет, со кој се омажи во 2017 година, за злоставување и смртни закани. Таа поднесе барање за развод во јули минатата година, додека беше бремена со нивното трето дете.
„Тој е лут затоа што ѝ пратив пораки на неговата девојка во кои тој ме молеше да му се вратам, ми рече дека ќе си го одземе животот, рече дека ќе ми го одземе животот“, рече пејачката, посочувајќи дека раперот ѝ оставал говорни пораки и се обидел да ѝ ја уништи самодовербата. Таа исто така го обвини дека се обидел да се меша во нејзината врска со ѕвездата на НФЛ, Стефон Дигс.
„Со месеци ме малтретираш и мене и мажот со кој сум во врска“, рекла Карди и открила дека на нејзиниот сегашен партнер му праќал експлицитни видеа од нив. Рекла дека раперот ќе „плати“ доколку не застане и дека е подготвена да возврати.
Двојката е позната по нивните раскинувања и помирувања, а нивното прво раскинување се случи во декември 2018 година, пред да се смират во 2019 година. Таа поднесе барање за развод во 2020 година, но тие се смирија само еден месец подоцна. Тие имаат ќерка и син, а третото дете на парот се роди откако тие веќе се разделија.


