Караџовски: Британскиот сој е чудовиште, нагло ги зафаќа белите дробови, главата, срцето, бубрезите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју” на телевизија Канал 5 предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации.

-Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави.  Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми. Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот