Kапитените на Барса се согласуваат за намалување на платите!?

твитер

Првиот човек на каталонскиот клуб, Бартомеу, ги замоли играчите да помогнат во справувањето со тешката економска состојба со оглед на очекуваните загуби.

Газдата на Барселона разговараше со капитените за евентуално намалување на платите за неделите или месеците пауза во шпанскиот фудбал.

Првиот човек на каталонскиот клуб, Пеп Марија Бартомеу, ги замоли играчите да помогнат во справувањето со тешката економска состојба со оглед на очекуваните загуби.

Како што информира „Мундо Депортиво“, капитените предводени од Лионел Меси, генерално се сложиле со идејата. Околу 552 милиони евра се наменети за платите на првиот тим за оваа сезона.

Ова е 53 проценти од проценетиот буџет од една милијарда и 47 милиони евра. Буџетот ќе биде ревидиран и најверојатно ќе падне под милијарда евра. Во наредните 24 часа според најавите се очекува да има важна видео конференција меѓу клубовите.

Од „Камп ноу” нема да донесат никакви одлуки за плата пред состанокот, на кој се очекува да се разговара за вообичаени мерки за решавање на финансиските проблеми во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот