Фото: Lisa AFF-USA Shutterstock Editorial Profimedia / Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Канје Вест ја изгладнува Бјанка: Додека тој си јаде пржено пилешко и макарони со кашкавал, неговата сопруга е на строга диета

Раперот Канје Вест не остава ништо на случајност, па дури и кога е во прашање неговата сопруга. Како што открива „Дејли мејл“ тој ѝ вовел строга диета на Бјанка Ценсори за да изгледа беспрекорно кога се појавува во експлицитни изданија на јавни места.

Иако редовно ја шокира јавноста, Бјанка го згрози светот кога се појави на доделувањето на Греми наградите во февруари во „невидлив“ фустан. А, неодамна, беше виднеа со нејзиното семејство во Мелбурн, „без панталони“ – во боди и хулахопки во боја на кожа.

Како што открива извор за британскиот медиум, Канје ја избира храната за 30-годишната Бјанка кога вечераат заедно и ја принудува да користи помали чини дома за да ги контролира нејзините порции – додека тој редовно го јаде својот омилен оброк – пржено пилешко и макарони со кашкавал.

Исто така, тој не ѝ дозволува да става пирсинг, тетоважи или да се обои во црно затоа што таа верува дека тоа ќе ја направи „просечна“. Најчудното, ​​е што Бјанка, која е 18 години помлада, нема проблем со правилата на својот сопруг.

– Повеќето жени би го мразеле овој потег, би помислиле дека нивниот сопруг ги контролира, но на Бјанка ѝ се допаѓа затоа што чувствува дека нејзиниот сопруг ја поддржува и ѝ помага да изгледа најдобро – изјавил неименуван извор за „Дејли мејл“.

– Бјанка сака да го покажува своето тело, сака да се фали со своите облини, малку е егзибиционистка. Никој не знае дали ова е вистинската таа или дали Канје ѝ го испрал мозокот – додал тој.

Сепак, друг извор истакнал дека Канје е „фин во тоа, не е чудовиште“ и дека неговата сопруга „едноставно разбира“.

Првиот извор исто така нагласил дека Бјанка веќе уживала во здрава исхрана и секогаш „се грижела за својата фигура“ затоа што „таа наоѓа сила во тоа што е витка и тоа ѝ се допаѓа“.

Канје исто така бара неговата сопруга да вежба секое утро – но изворот инсистирал на фактот дека „тој не е насилник, не ја принудува да прави тешки тренинзи како кросфит, туку само да се истегнува и да пешачи“.

– И тој често вежба со неа, па го прават тоа како пар и се навистина опуштени – потврдиле изворите.

Сепак, преференциите на Канје за телото на неговата сопруга одат подалеку од тоа да се осигура дека таа изгледа добро – наводно, тој не ѝ дозволува да се сонча затоа што „ги мрази линиите на костимите за капење“.

– Тој сака таа да изгледа како кукла – без недостатоци, без ознаки – рекол изворот.

ВИДЕО | Ким Кардашијан во солзи во новиот документарец за Канје Вест: „Порано не беше ваков!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот