Канаѓанец украл автобус зашто „имал мерак“, возел патници на редовна линија – полицијата го пофали
Полицијата во канадскиот град Хамилтон, во провинцијата Онтарио, соопшти дека е уапсен човек кој украл градски автобус во кој имало десетина патници, јавуваат медиумите од Канада. Осомничениот влегол во автобусот кога возачот излегол на пауза, го запалил и тргнал.
Препорачано
Но, тој потоа само ја возел редовната вечерна линија на автобусот, застанувал на постојките и пуштал луѓе да влегуваат и излегуваат, а наплаќал и билети, велат од полицијата.
Патниците некое време воопшто не забележале дека автобусот е украден и дека го вози крадецот – тоа се случило дури кога по грешка скршнал од линијата, по што дел од патниците му давале и насоки каде да вози.
Во меѓувреме, била известена полицијата, која го следела автобусот и го запрела. Возачот одбил да излезе и полицајците морале да употребат сила. Возачот подоцна им рекол дека автобусот го украл затоа што „имал мерак“ да го вози.
И покрај отпорот при апсењето, полицијата во Хамилтон во официјална изјава го пофали возачот за тоа како го извел градското возење, наспроти тоа во што можела да се претвори целата ситуација.
„Тој одлично заврши работа“, изјави полицискиот портпарол.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
45мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


