Screenshot

Канадски олимпиец шверцувал кокаин и планирал убиства, ФБИ нуди награда за негово пронаоѓање

Поранешниот канадски олимпиец и сноубордер Рајан Вединг е обвинет за шверц на дрога и планирање на убиства.

Во минатото Вединг беше успешен сноубордист и на Зимските Олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити го освои 24. место. Денес по него е распишана потерница од ФБИ и се нуди награда од 50.000 долари за секој кој ќе има некаква информација за местото кадеш то се наоѓа.

Според информаиците на медиумите Вединг е обвинет за операција која тој ја водел и во која се шверцувале стотици килограми кокаин од Колумбија, преку Мексико до Канада и САД. Исто така е се истакнува како осомничен за повеќе планирани убиства.

Наводно во текот на операциите користел имиња како „Шеф, џин и јавен непријател“, а имал голема помош од мексиканскиот картел Синалоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот