Фото: Oli SCARFF / AFP / Profimedia

Камила имаше извезено неколку имиња на фустанот за време на крунисувањето: Еве чии се

Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила беа крунисани во Вестминстерската опатија на 6 мај. Кралицата на големиот ден облече бел фустан со безброј нежни везови. Како што објави „Дејли мејл“ по крунисувањето се дозна дека Камила имала извезено неколку имиња на ткаенината на нејзиниот фустан, вклучувајќи ги и оние на нејзините кучиња!

На работ на нејзиниот фустан, потпишан од Брус Олдфилд, беа извезени имињата на нејзините деца и внуци. Експертот за благородништво Викторија Хауард сподели крупни кадри од фустанот на Камила на Твитер и откри дека фустанот ги открива имињата на двете деца на Камила, Том и Лора, како и имињата на нејзините внуци Гас, Фреди, Луис, Елиза и Лола.

Корисниците на Твитер, сепак, забележаа дека Камила им оддала почит и на своите кучиња Бет и Блубел со вез на фустанот. Таа и Чарлс спасија две кучиња од расата Џек Расел териер од засолниште во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот