ВИДЕО | Камчев: Во САД бараат од Бајден јасна демонстрација на сила за руските постапки

Џо Бајден прв пат се сретнува со руски лидер во своето прво заминување надвор од САД и ако се чита како одговраат руските медиуми се добива впечаток дека се навистина задоволни. Оваа средба беше иницирана од самиот Бајден и затоа Путин од оваа средба би можел само да ќари, ако ништои друго само ќе се фотографира со Бајден, а тоа е добро за неговата слика во јавноста, дека РУсија се подигнува, дека е голема сила и дека е на исто рамниште со САД, изјави во Утрински брифинг, Борис Камчев, дописник на МИА од Вашингтон и додава дека за разлика од Русија, во Вашингтон е помирно и се уште се разговара дали средбата Бајден – Путин е навистина потребна во ова време.

– Сајбер проблемот и кибер нападите се горлива тема во Америка. Некои конгресмени му сугерираат на Бајден дека на средбата со Путин доаѓа од Самит на НАТО, а токму на НАТО самитот беше сугерирано за членот 5, според кој напад на една членка значи напад на сите и дека тој член треба да се адаптира во дигиталниот свет и затоа Бајден треба да настапи со ставот дека доколку и кибер нападите се вистински напад тоа може да значи лошо за Русија. Токму тоа е пораката која Бајден сака да ја пренесе до Путин – да се престане со кибер нападите и да се побара повлекување на руските воени формации од Украина, да се запре во мешањето во изборите во САД – вели Камчев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот