Фото: Принтскрин / Инстаграм / ЕПА

Калиопи, Каролина, Елена Ристеска: Македонските пејачки во шок и неверување изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани

Веста за пожарот кој се случи во Кочани за време на настапот на групата „ДНК“ предизвика реакции од бројни познати личности кои го изразија своето сочувство преку социјалните мрежи.

Нашите познати пејачки потресени од овој немил настан се огласија и со неверување и шок изразија сочувство до семејствата на загинатите . Имено, на социјалните мрежи Калиопи, Елена Ристеска, Каролина, Тамара Тодевска споделија емотивни објави.

„Потресена сум и во неверување… Искрено сочувство до семејствата на настраданите… Македонијо моја“, стои објавата на Калиопи.

„Каква трагедија, каков страшен црн ден…Најдлабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите во Кочани. Нема утеха“, напиша Каролина на Инстаграм.

Фото: Принтскрин / инстаграм

„Уште сум во шок, како е можно ова да се случува?!! Кочани сочувство за оваа трагедија досега невидена во Македонија!!! Сочувство до семејствата на починатите млади луѓе…“, стои во објавата на Елена Ристеска.

 

 

„Сочуство до семејствата на сите загинати во големата трагедија во Кочани. Не постои утеха за препрано згаснатите млади животи, кои присуствувале на музички концерт…Животот тука станува опсен. Многу опасен. За нас, за нашите деца, за сите“, се огласи Тамара.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот