Каков вовед во дербито со Јувентус, полицијата упадна во тренинг кампот на Лацио

epa08798832 Aleksandr Erokhin (far left) of Zenit celebrates with teammates after scoring the opening goal during the UEFA Champions League group F soccer match between FC Zenit St. Petersburg and SS Lazio in St. Petersburg, Russia, 04 November 2020. EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Италијанската полиција се сомнева дека Лацио мамел на тестовите на коронавирус.

Италијанската полиција упадна во лабораторијата во Авелија која издаде уверение, односно наоди дека фудбалерите на Лацио, Чиро Имобиле, Лукаш Леива и Томас Стракоша, сe негативни на ковид-19 за да се оспори одлуката на УЕФА за позитивните тестови пред натпреварот од Лигата на шампионите.

Полицијата го сомничи шефот на медицинскиот тим на Лацио, Иво Пулчини кој тврдеше дека целиот тим е негативен на коронавирус и дека сите ќе бидат подготвени за денешното дерби против Јувентус кое се игра во пладневниот термин.

Лацио на гостувањето кај Зенит настапи без неколку клучни фудбалери како Имобиле, Леива. Алберто, Маниел Лазари, Стракоша,  поради позитивни тестови на ковид-19 иако во клубот тврдеа дека тестовите не се точни и по натпреварот достави наоди од клиника во Авелино каде се направени молекуларните тестови.

– Сите се негативни, молекуларниот тест од Авелино е посигурен од брзите тестови кои се направени во Рим – изјави Пулчини.

Полицијата освен во клиниката во Авелино, упадна и во тренинг центарот на Лацио кој се наоѓа во Формело по што „сомнителните“ фудбалери го напуштија теренот.

Полицијата се сомнева дека Лацио се обидел да ги прекрши здравствените протоколи за да ги има клучните фудбалери на располагање за денешното дерби против Јувентус. Но, Имобиле, Леива и Стракоша нема да бидат дел од тимот Лацио против „старата дама“.

Според италијанските медиуми, истрагата може да потрае, односно да се заврши за највеќе два месеци и доколку се докаже дека Лацио мамел на тестовите на коронавирус се соочува со одземање на бодови, но постои можност тимот да биде исфрлен од Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот