Како Вангел Миразов направи црква: Му се сонило во Данска да направи црква во Конопиште и да им помага на оние кои не можат да имаат пород

Фото: Приватна архива

Црквата ,, Св. Атанасиј ” во Конопиште претставува место за молитва, мир и спокој. Во колективната меморија на Конопиштани постои сеќавањето за палење свеќи на камен. Ктитори на новата црква се семејството Миразови, кои биле иселеници со место на живеење во Данска.

Вангел Миразов нема никакво потекло од Конопиште, ниту пак неговата сопруга. Но токму таа му била најголемиот поттик и подршка на Вангел за да го изгради овој христијански објект. Фото – приватна архива

– Во 1601 година, на истото место каде што е црквата имало црква и се викала Свети Атанас. Нема никакви податоци кога и од кој е срушена. Верниците од селото си доаѓале да палат свеќи на камен, иако црквата не постоела. Таму ги кажувале своите молитви, таму се исповедале. По рушењето на црквата, светецот отишол кај четворица, тројца го одбиле, јас сум четвртиот. Јас прифатив и ја подигнав црквата – вели Вангел.

За Вангел се велело: – Во село Конопиште, имало човек кој на сон му дошол Св. Атанас и му рекол да изгради црква и да им помага на болни деца и жени кои неможат да забременат. Денес спас во Црквата бараат жени кои не можат да имаат пород.

– Овде бараат спас сите, но најмногу доаѓаат жени кои немаат пород, не можат да забременат. Има многу голем успех, светецот помага. Досега даде многу дечиња низ целиот свет…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот