Како успеа креаторот на Биткоинот да остане енигма: Криптовалутата на Сатоши Накамото денеска вреди 55.169 долари
Битокоинoт денеска вреди 55.169 долари. Претходните викенди оваа криптовалута имаше вредност од 65.000 долари, а потоа падна на околу 55.000.
Креаторот на првата успешна блокчејн мрежа во светот е енигма уште откако мистериозниот пронаоѓач ја објави белата книга пред повеќе од 12 години.
За Сатоши има некои факти што ги знаеме, но многу работи, познавачите на криптовалутите едноставно ги претпоставуваат.
Она што јавноста го знае за Сатоши Накамото е поразлично од претпоставеното. Тој е многу интересна мистерија и пронаоѓач на технолошката револуција што започна со раѓањето на мрежата биткоин.
За Сатоши, освен податоците кои самиот и ги соопшти на јавноста кога ја објави белата книга се претпоставува дека пред еден месец, на 5 април, наполни 46 години.
Креаторот на биткоинот продолжува да остане анонимен до денес.
Според извештајот на поранешниот развивач на Bitcoin Core, Гевин Андресен и Пит Рицо, откако Сатоши ја објави својата последна порака во декември 2010 година и ја објави верзијата со Биткоин 0.3.19, Накамото праша дали Андресен може да го нарекува повеќе како „технолошка предност“ отколку „мистериозна фигура“.
Сатоши понатаму избра да се дружи со луѓе кои многу ја почитуваат приватноста. Воведувањето на Биткоин беше совршено темпирано по финансиската криза во 2008 година што го потресе светот.
Во голем број објави на социјалните мрежи на Редит и Биткоинток се претпоставува дека Сатоши користел виртуелна приватна мрежа (ВПН), па дури и Toр. Тој и претходно зборуваше за Тор и во јавноста рече дека тоа е добар начин да се замагли од каде потекнува трансакцијата со Биткоин.