Како според Фројд се толкуваат еротските фантазии преку соништа? Бројот 3 ги симболизира потиснатите сексуални желби

pixabay

Според Фројд нашите соништа се секогаш предизвикани од некој настан. Првата мисла на Фројд е дека сонот служи да ги протолкуваме нашите забранети, а со тоа и потиснати желби.

profimedia

Иако Фројд верувал дека симболите на сонот не се константни, сепак ги споменувал симболите кои најчесто имаат одредено значење кај најголем број луѓе. Акцентот е на тоа дека секој сон се подразбира и интерпретира од индивидуална гледна точка. Меѓутоа, водејќи се од искуството на сопствената анализа на соништа, како и на соништата на своите клиенти, Фројд сепак укажал на најчесто значење на поединечни симболи.

Најпознати симболи за машиот полов орган се стапот, чадорот и столбот, а потоа и мечот, копјето, стрелата, сабјата, пиштолот, како и славината, водоскокот, лустерот, змијата, цигара, клуч, чекан, шапка и бројот 3.

Најпознати симболи за женски полов орган според Фројд се: пештера, јама, кутија, ковчеже, градина, капија, соба, школка, тврдина, црква, и чевла.

Фројд нагласувал дека бројот 3 ги симболизира потиснатите сексуални желби. Всушност, сите непарни броеви можат да се толкуваат како маскирана сексуалност, односно како варијации на бројот 3.

Сексуалниот чин, според Фројд, го симболизираат речиси сите ритмични дејствија: влегување и излегување од просторија, гимнастика, скокање, летање, јавање…

Сепак, сите соништа немаат сексуален карактер.

Оријентацијата во сонот може да има вредна смисла. Лево најчесто укажува на нешто лошо, додека десно укажува на нешто добро.

Според Фројд, заминување на пат ја симболизира смртта.

Излегувањето од вода или капење во езеро, река и слично, симболизира раѓање.

Крал – симболизира татко, кралица – мајка.

На пример, појава на мајка во сон може да укаже на лоши роднински односи, но и на потреба за љубов и за заштита, како и на страв, на пример, срав од казна за некое направено дело.

Од Фројд до денес, многу аналитичари ја корегирале оригиналната Фројдова мисла за сништата. Во 1950 година, Фрида Фром Рајхман изнела мислење дека многу соништа, всушност, не се однесуваат на исполнување на желба.

Ерих Фром, нешто подоцна, сонот го гледал како обид за истражување на психодрамскиот конфликт.

Пол Липман пак, во 1998 година, ја изнел својата теорија според која соништата одговараат на личните грижи и на социјалните фактори.

Едгард Левенсон неколку години подоцна укажал дека соништата често отсликуваат наједноставни факти на оној кој сонува, вистини кои нè претставуваат, и дека во одредени аналитички услови, ни клиентот ни терапевтот не можат потполно да ги разберат без секундарна обработка, низ интерпретација.

Сепак, голем број на психоаналитичари до денес веруваат во симболите и толкувањата на соништа според Фројд. Но и тоа дека сонот треба да се толкува на повеќе нивоа. Акцентот е на индивидуалноста, па така симболите не треба да се толкуваат „здраво за готово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот