Како што Куба повторно се отвора за светот, многумина од нејзините жители гледаат да ја напуштат

Хавана, Куба/ Фото EPA-EFE/Felipe Borrego

Неколку часа пред земјата повторно да ги отвори своите граници, стотици Кубанци чекаат на ред, надевајќи се дека ќе купат авионска карта и ќе ја напуштат државата која се уште се бори со пандемијата.

За многу Кубанци тоа е само почеток на долгото и често опасно патување до САД, пишува Си-Ен-Ен.

За време на пандемијата, границите на Куба беа затворени, што го прави меѓународното патување речиси невозможно.

Недостаток на храна и лекови

Но, додека островот сега повторно се отвора за надворешниот свет и Кубанците се справуваат со влошувањето на недостигот на храна и медицински производи, влијанието на построгите економски санкции на САД и репресијата на самата влада по невидените протести во јули, сега голем број велат дека се подготвуваат да ја напуштат својата татковина засекогаш.

Среде гужвата пред канцелариите на авиокомпанијата во деловниот центар во Хавана, самонаречениот „олеснувач“ по име Серхио, кој не сакаше да го каже своето презиме со оглед на природата на услугата што ја дава, им понуди да ги искористи своите контакти за да им помогне на луѓето да ги намалат долгите редови во замена за „процент“ од цената на билетот.

„Повеќето од овие луѓе не се враќаат“, рече Серхио за Си-Ен-Ен, додавајќи: „Можеби некои ќе одат во Никарагва да купат работи — но мнозинството емигрираат“.

Куба сè уште е во процес на признавање на своите домашни вакцини со СЗО. Тоа значи дека Кубанците со виза за САД сè уште не можат легално да патуваат таму без претходно да се вакцинираат во трета земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот