Како се станува генерален секретар на СДСМ? Утре во „Слободен печат“
Генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во утринската програма „Слободен печат“ вели дека е голема предност за него е тоа што во партијата започнал од најниските функции и постепено напредувал низ партиската хиерархија.
Со активистот Џабир Дерала разговаравме за активностите по повод одбележувањето на 25 годишното постоење на ЦИВИЛ – центарот за слобода.
По смртта на кралицата Елизабета многу нешта се променија и Комонвелтот не е тоа што беше. Помеѓу 16 и 19 век повеќе од 12 милиони луѓе биле пренесени во Америка. Нациите погодени од трансатлантското ропство долги години повикуваат на репарации. Велика Британија должи околу 18,8 трилиони фунти за нејзината улога во трансатлантското ропство. За последните случувања во Комонвелтот зборуваме со новинарката Жанета Скерлев.
И за крај разговор со Дамиан Томовски – македонски композитор, продуцент и мултиинструменталист. Зборуваме за неговиот прв солистички албум за пијано.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.